Студирање спорт и рекреација во Австралија
Австралија станува популарна дестинација за студирање спорт. Нејзината одлична меѓународна репутација дополнително се засилува со фактот дека секојдневниот живот во оваа земја е преполн со спортски активности, рекреација и активности на отворено.
Во последниве години, образовните институции создадоа голем број нови курсеви и студиски програми од областа на спортот и рекреацијата, како што се спортска медицина, спортски менаџмент, рекреација на отворено и слично, поради што спортската индустрија во Австралија значително се зголеми.
Стручни програми (VET студии)
Секторот за стручно образование и обука во Австралија (VET студии) нуди широк спектар на професионални програми и специјализации во областа на спортот и рекреацијата. Овие програми се фокусирани на практични вештини во спортот, и вклучуваат пониски квалификации (Certificate I-III) и повисоки (Diploma и Advanced Diploma).
Преку студии за стручно образование и обука, можете да се обучите за практични и специјализирани професии како што се фитнес инструктор, инструктор по јога, џокеј, тренер за тркачки коњи, итн. Стручните студии се нудат на државните TAFE институти како и на приватните колеџи (Registered Training Organisations –RTOs).
Повеќето стручни програми од областа на спортот немаат посебни услови за упис, особено не за пониските квалификации. Генерално, од студентите се бара да имаат завршено средно училиште и да положат IELTS тест со оценка 5,5. Може да се бараат одредени услови за упис на Advanced Diploma, а за поединечни програми потребно е работно искуство и пракса во истата област по завршувањето на студиите.
VET студиите траат од 4 месеци до 2 години, а цените се движат од 3.000АУД за целата програма.
Основни студии
Австралиските универзитети и индивидуалните приватни колеџи нудат академски и практични студиски програми кои ги опфаќаат сите аспекти на спортот како наука.
Некои од главните области што можете да ги изучувате се: спортска медицина, спортски менаџмент, спорт како наука, биомеханика, рехабилитација, рекреација на отворено (Leisure studies), човечко движење (Human movement) или студии за спортски тренери (Sports coaching). Со бирање на одредени специјализации може да станете експерт за физичка култура, личен фитнес тренер, спортски нутриционист и др. По дипломирањето можете да најдете работа во елитни спортски клубови, спортски организации или да започнете свој бизнис.
Условите за упис на основите студии се завршено средно образование и положен IELTS тест, а за одредени смерови можат да имаат предност посебно надарените студенти. Основните студии траат најмалку 3 години, а школарините се двиши од 18 000АУД на годишно ниво.
Мастер студии
Мала е понудата за постдипломски студии од областа на спортот и рекреацијата, но програмите се високо специјализирани, најчесто во областа на спортското тренирање, спортскиот менаџмент и спортската наука. Мастер студиите се нудат на универзитети и индивидуалните приватни колеџи.
Мастер студиите се наменети за студенти кои сакаат да го надополнат и прошират своето веќе стекнато знаење на основните студии од оваа област, како и оние кои студирале сродни полиња, со цел да се здобијат со нова специјализација или професија. Повеќето спортски мастер програми се coursework со мал број истражувачки програми.
Условите за упис на основите студии се завршени основни студии и положен IELTS тест. Мастер студиите траат една или две години, а цените се движат од 24,000АУД годишно.
Докторски студии
Докторските студии се нудат и во областа на спортот, но бројот на програми е многу помал во споредба со другите области на студии. Од вкупниот број студенти на постдипломски студии од оваа област, студентите на истражувачки програми сочинуваат само 40%. Во понуда се програми поврзани со спортската наука, рехабилитацијата, но исто така и спортот и рекреацијата воопшто.
Условите за упис на докторски студии се завршени мастер студии, положен IELTS тест и одобрена теза и ментор. Студиите траат најмалку 3 години, а цените се движат од 30,000АУД на годишно ниво.
Курс по англиски јазик
Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.
Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.