Студирање на јазици во Австралија

Студирање на јазици во Австралија

Познавањето на странски јазици ви дава различни можности и придобивки за вработување и напредување во кариерата, особено во мултикултурна средина, како Австралија. Образовниот систем во Австралија ги охрабрува студентите да учат и студираат јазици, така што универзитетите доделуваат н„јазичен бонус“ како дополнителен поен за оние кои знаат еден или повеќе странски јазици, а исто така и индивидуалните работодавци во Австралија ги наградуваат овие вештини со одреден финансиски додаток.

Со студирањето на јазици во Австралија, можете да развиете кариери специфични за оваа област на студии, како што се толкување, книжевна критика и превод, настава или туризам и патување, но овие студии исто така можат да ви дадат предност во дипломатијата, трговијата, новинарството, национална безбедност и стратегија, итн.

Најпопуларните јазици на австралиските универзитети се кинески (мандарински), француски, германски, индонезиски, италијански, јапонски и шпански, а од јазиците во нашето подрачје, застапен е само хрватскиот јазик, и тоа на еден универзитет - Macquarie University во Сиднеј.

Стручни програми (VET студии)

Секторот за стручно образование и обука нуди голем број на курсеви и стручни програми на различни јазици, вклучувајќи арапски, шпански, француски, виетнамски, јапонски, италијански, итн. Овие програми се нудат на TAFE институтите и на поединечни приватни колеџи.

Квалификациите што ги нудат VET студиите (Certificates I-IV, Diploma i Advanced Diploma) се насочени кон практичната страна на учењето јазици. Пониските квалификации се погодни за оние кои сакаат да стекнат основни јазични вештини во деловната комуникација, додека Certificate IV, Diploma и Advanced Diploma се ориентирани кон развојот на кариерата која се однесува на областа на јазикот (наставник и сл.). За професијата интерпретувач или преведувач потребно е да завршите напредно ниво – Advanced Diploma.

Стручните програми траат од 6 месеци до 2 години. Услови за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест, а цената на овие студии се движи од 6.500АУД на годишно ниво.

Основни студии

Основните студии од областа на јазиците се достапни на универзитетите и на некои приватни колеџи. Се нудат сите популарни како и помалку познатите и популани јазици.

Некои од главните смерови што можете да ги запишете во оваа област се: арапски, кинески, француски, германски, латински, шпански, абориџински јазици, лингвистика и превод и толкување. Многу од овие програми се насочени кон студенти кои веќе имаат јазична позадина, но се поголем број универзитети прифаќаат и почетници кои пред да се приклучат на редовни студиите, прво завршуваат интензивен курс во текот на нивната прва година или за време на летната пауза.

Покрај јазиците, на некои студиски програми се изучува и книжевност, историја, култура и економија на јазичното говорно подрачје. Овие студии може да ги комбинирате преку “double degree” со некои други студиски области, како што се инженеринг, бизнис и менаџмент, угостителство, туризам или образование, овозможувајќи да стекнете двојна диплома.

Основните студии траат најмалку 3 години. Условите за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест, а цените се движат од 18,000АУД годишно.

Мастер студии

Мастер студиите во областа на јазиците се нудат на универзитетите како и на поединечните приватни колеџи и ги опфаќаат истражувачките програми како и практичните (coursework) програми. Меѓу практичните програми има смерови за учење и проучување на јазиците, за лингвистика и сродните културни феномени и оние кои се насочени кон специјализирани професии како на пример преведувачи и толкувачи.

Мастер студиите траат една или две години. Услови за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест, а цените се движат 20,000АУД на годишно ниво.

Докторски студии

Докторски студии се исто така достапни за студиските области на јазикот. Тие опфаќаат заокружена истражувачка работа поврзана со одреден јазик, нејзината литература, теорија и критика, историја, култура итн.

Докторските студии траат најмалку 3 години. Услови за упис се завршени мастер студии и положен IELTS тест, како и избор на теза и ментор. Цените на доктроските студии од оваа област се движат од 14,000АУД годишно.

Курс по англиски јазик

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.