Студирање архитектура во Австралија
Архитектурата ви дава можност да дизајнирате, па дури и да ја промените околината во која живеете. Ова е област која комбинира уметност, заштита на животната средина, култура, наука, технологија и менаџмент. Не само што архитектите ја трансформираат околината во која живееме преку иновативен дизајн, стил и методи на градење, тие даваат и значаен придонес за квалитетот на животот.
Квалификациите од областа на архитектурата стекнати на австралиските универзитети отсекогаш биле признати насекаде во светот, но APEC (Asia-Pacific economic Cooperation), можностите за работа низ целиот свет ги направи уште подостапни, така што австралиските архитекти можат да работат, меѓу другото, во Америка, Канада, Кина, Нов Зеланд, Сингапур и во многу други земји. Целта на APEC е да обезбеди мобилност на архитектите во рамките на земјите членки на оваа организација (моментално има 21 земја), а архитектите признати од оваа организација се смета дека го имаат потребното ниво на знаење и вештини кои ќе придонесат за унапредување на проектите на кои работат.
Основни студии
Студентите кои сакаат да станат архитекти најчесто се определуваат за основни студии во траење од три години во областа на уметноста, дизајнот, архитектурата, применетите науки, проследени со мастер студии по архитектура кои траат две или три години, или пак за петгодишни студии по архитектура. Без оглед на тоа која програма ќе ја изберете, ќе изучувате различни предмети од инженерство, градежништво, управување со проекти, графички дизајн и др.
Ако сакате уште пошироко знаење, можете да ја разгледате опцијата за двојна диплома (double degree) и да ја комбинирате архитектурата со дизајнот, инженерството, па дури и правото.
Во процесот на барање на универзитетот на кој сакате да се запишете, битно е да проверите да ли се наоѓа на на списокот на акредитирани образовни институции од AACA (Architects Accreditation Council of Australia), како и колку различни предмети и можности за развој ви нудат самите студии кои што се нудат на овие универзитети. Покрај предавањата и вежбите, може да очекувате да потрошите многу време на проекти, каде што во пракса ќе го примените вашето теоретско знаење.
Услови за упис на основните студии се завршено средно образование и положен IELTS тест (обично со со просечна оценка 6). Школарините се движат од 25,000АУД годишно.
Мастер студии
Мастер студиите од оваа област се на некој начин составен дел од патот на студентот до регистриран архитект во Австралија. Исто така постои и Master by Research, каде што самите истражувате и придонесувате во областа на архитектурата. Некои од мастер програмите кои што можете да ги запишете во Австралија се Architectural Conservation, Urban and Environmental Planning, Architecture - Project management, Landscape and Visual Аrts итн.
Услови за упис на мастер студии се завршени основни студии и положен IELTS тест со оценка 6,5 (потребната оценка може да биде и поголема во зависност од универзитетот). Овие студии траат од 2 до 3 години, а школарината се движи од 28 000АУД годишно.
Докторски студии
Некои од целите на докторските студии по архитектура се да истражуваат нови начини на дизајнирање, да придонесат во основното знаење во оваа дисциплина и да се унапреди начинот на кој се користат досегашните материјали. Исто така, во текот на студиите се развиваат напредни технички и аналитички вештини. Некои од темите кои што можат да се истражуваат се Built Environment, Architecture and Building, Architecture and Design.
Процесот на запишување на докторските студии во Австралија започнува со пронаоѓањето на вашиот ментор, односно на австралиски докторант по архитектура, кој ќе ве води низ целиот процес на истражување. Треба да го контактирате потенцијалниот ментор при што е важно тој да има искуство во областа што би сакале да ја истражувате. Кога ќе поднесете предлог тема за вашето истражување и кога вашиот ментор ќе ја одобри вашата тема можете да го започнете процесот на аплицирање на избраниот универзитет.
Условите се завршени мастер студии и положен тест IELTS со оценка 7 (потребната оценка може да биде и повисока во зависност од универзитетот). Овие студии траат од 3 до 4 години, а школарината се движи од 31 000АУД годишно.
Курс по англиски јазик
Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.
Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.
Регистрација на архитекти во Австралија
Постојат неколку чекори кои што треба да ги поминете за да можете да работите како регистриран архитект во Австралија:
-
Образование
- Австралиска акредитирана институција - Доколку студирате архитектура во Австралија, се бара образовната институцијата да е акредитирана од AACA
- Проценка на квалификациите стекнати на странски универзитети - Ако сте завршиле архитектура надвор од Австралија, треба да направите неколку тестови за да проверат како вашите квалификации и знаење одговараат на потребното знаење за оваа професија во Австралија
- Национална програма за проценка - Ова е проценка заснована врз квалификации и е наменета за оние кои имаат искуство и компетентност во областа, но немаат добиено квалификации на акредитирани студии. Во овој случај, треба да аплицирате за работа на проект, кој ќе ги докаже вашите компетенции како и да положите разни тестови.
-
Практично искуство
Откако ќе ги завршите ситеуслови за образование, потребно е да стекнете практично искуство, каде што се бара минимум 3.300 часови работа (околу 2 години), а минимум 12 месеци работно искуство во Австралија.
-
Дневник (Logbook)
Треба да го внесете вашето работно искуство во ACAA APE Logbook. Постојат различни категории во кои треба да имате работно искуство врз основа на кое се проценува колку од работното искуство ќе ви биде признато од AACA.
-
Изјава за практично искуство (Statement of practicl Experience)
Целта на изјавата е да обезбеди доказ за исполнување на условите поврзани со практично искуство и информации за самото искуство. Изјавата треба да биде прецизна и во неа треба да ги наведете проектот или проектите што најдобро докажуваат дека се исполнети потребните критериуми. Изјавата треба да започне со кратко CV (не подолго од 1 страница). Доколку целокупно практично искуство сте го стекнале под надзор на архитект, изјавата треба да има максимум 2.000 зборови, а доколку дел од работно искуство е стекнато без надзор на архитект може да има максимум 3.000 зборови.
-
Апликација
Апликацијата, која содржи дневник и изјава за практично искуство, се доставува директно до државната или територијалната асоцијација за регистрација на архитекти.