Студирање ИТ во Австралија

Студирање ИТ во Австралија

Постојано растечката ИТ индустрија игра многу важна улога во современиот свет. Секојдневно користиме технологии како што се компјутери, паметни телефони и таблети. Уште поважно, информатичката технологија е клучна за работата на компаниите во многу различни индустрии. Ова значи дека дипломците од овие студии се високо ценети и имаат многу можности за кариера.

Секоја година, многу меѓународни студенти се запишуваат на ИТ студии во Австралија. Австралиската индустрија за информации и комуникациски технологии расте, што доведува до постојано создавање на нови курсеви и специјализации, но и создавање на работни места. Курсевите и можностите за работа зависат од нивото на квалификации што ги стекнувате.

Стручни програми (VET студии)

Програмите за стручно образование фокусирани на стекнување практични вештини, од ИТ областа се достапни на ниво на Certificate, Diploma и Advanced Diploma. Општо, сертификатите на пониско ниво како што се Certificate I, II и III обезбедуваат основни компјутерски вештини, додека Certificate IV, Diploma и Advanced Diploma ги подготвуваат студентите за влез во специфични кариери во компјутерските и информатичките технологии.

Списокот на специјализации во оваа област е многу долг. Само некои од програмите кои можете да ги запишете на австралиските колеџи се Computer Systems Engineering, Computer Systems Technology, Digital and Interactive Games, Information Technology Support, Information Technology Project Management, Networking, Programming, Software Development, Systems Administration, Systems Analysis and Design итн.

Услови за упис на VET студиите се завршено средно образование и IELTS тест со оценка 5,5. Должината и цената на програмите зависи од колеџот и нивото на програмата која ја запишувате, па така времетраењето се движи од 6 месеци до 3 години, а цените на студиските програми, во зависност од образовната институција, се движат од 6.000 AUD годишно.

Основни студии

Голем број на основни студии од областа на ИТ ги подготвуваат студентите за различни улоги во оваа област. Со оглед на широкиот спектар на кариери во оваа област, постојат и голем избор на програми за запишување, од кои некои вклучуваат Artificial Intelligence, Database Programming, Games Design, Mobile Computing, Network Engineering, Software Development, Telecommunications и многу други.

Исто така, популарна опција се основните студии со двојна диплома (double degree), кои се насочени кон студенти кои се заинтересирани за ИТ, но сакаат да стекнат и други вештини. Можно е да се комбинираат ИТ со бизнис и менаџмент, инженеринг и технологија, природни науки и слично.

Условите за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест со оценка 6. Времетраењето на студиите е од 3 до 4 години, а школарината се движи од 20,000 АУД годишно.

Мастер студии

Постдипломскиte студии по ИТ станаа се повеќе популарни во последните години. Нив ги запишуваат оние кои сакаат да ги прошират своите веќе стекнати знаења и квалификации за повисоки позиции. Специјализациите за запишување вклучуваат Cyber Security, Forensic Computing, Mobile Applications Development, Multimedia Studie итн.

И на овој степен на студии можно е да се запише мастер од две области и да се комбинираат ИТ со бизнис и менаџмент, инженерство итн.

Условите за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест (обично се бара просечна оценка 6.5). Мастер студиите генерално траат 2 години, а школарините се движат од 22,000 АУД годишно.

Докторски студии

Докторските студии вклучуваат независно истражување и придонес за целата област со ново знаење и пристапи кон проблемот. Како прво, треба да пронајдете ментор, специјалист со неопходно искуство и образование од областа на ИТ, кој ќе ви пружи поддршка во текот на целиот процес на истражување. Кога ќе го контактирате потенцијалниот ментор и тој ќе изрази интерес за вашето истражување, можете да започнете со процесот на упис на докторските студии.

Некои од темите за истражување на докторски студии на австралиските универзитети се: Adaptive Approaches for Predictive Modeling of Complex Multilayered Networks, Automatic Composition, Optimization and Adaptation of Multi-component Predictive Systems, Development of Robust and Scalable Hyperbox Based Machine Learning Algorithms, Multiple Spreading Processes in Real-World Dynamic Complex Networks, Computer Science и многу други.

Услови за запишување се завршени мастер студии и положен IELTS (обично со просечна оценка 7). Времетраењето на докторските студии е од 3 до 5 години, а школарината се движи од 25.000 АУД годишно.

Курс по англиски јазик 

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.