Студирање економија и трговија во Австралија

Студирање економија и трговија во Австралија

Австралиската економија е една од најголемите економии на мешани пазари во светот со БДП од 1,69 милијарди долари. Според најновите статистички податоци, Австралија е 14-та економија во светот, а нејзините економисти имаат постигнато значајни успеси и имаат дадено придонес на теоријата на трговија, земајќи во вид дека трговијата е индустрија која им била значајна уште од настанокот на оваа земја.

Ова е област која има голем број специјализации и опфаќа многу различни интереси, така што скоро и да нема индустрија која за своите потреби не вработува ниту еден вид економист. Со широк избор на опции за студии во Австралија, сите што се заинтересирани за оваа област може да најдат програма што одговара на нивните потреби.

Стручни програми (VET студии)

Како е ова популарна област за студирање, можат да се најдат различни стручни програми од областа на International Business, Business. Sales, Retail, Marketing-a итн. Во Австралија студиските програми се усмерени па е реткост да се пронајде општ програм наречен економија. Стручните програми се нудат на три различни нивоа: Certificate I-IV, Diploma и Advanced Diploma.

Услови за упис на VET студиите се завршено средно образование и IELTS тест со оценка 5,5. Стручните програми можат да траат од 6 месеци па се до 2 години.

Основни студии

Австралиските универзитети обезбедуваат теоретски и практични знаења за широк спектар на програми кои можете да ги запишете во областа на економијата и трговијата. По завршувањето на студиите, ќе имате добро разбирање за тоа како работи пазарот, меѓународната трговија, ќе стекнете знаење за глобализацијата, животната средина и меѓународните проблеми со кои се соочуваат економиите денес. Врз основа на вашите интереси, одберете ја вистинската програма за студирање, а доколку сакате да се развиете и во други облсти, можно е да изберете двојна диплома (dual degree), така што покрај економијата можете да студирате право, ИТ, уметност и други области.

Програмите кои можете да ги запишете се Economics and Information and Communication Technology, Economics and law, Commerce, Finance, Management, Marketing, Business Management/Economics.

Основните студии се нудат на колеџите и универзитетите во Австралија. Колеџите се поевтини, но најголема понуда и специјализација сигурно ќе најдете на универзитетите.

Условите за упис на основите студии се завршено средно образование и положен IELTS тест со оценка 6. Времетраењето на студиите е од 3 до 4 години, а некои дуални дипломи можат да траат и 5 години. Школарината се движи од 16,000АУД годишно на колеџите и од 20,000АУД на универзитетите.

Мастер студии

За оние кои веќе дипломирале на основните студии во оваа област, мастер студиите нудат многу можности за понатамошен развој и истражување. Развивањето вештини и знаење на ова ниво може да им помогне на економистите да ги применат во специфичните социјални проблеми со кои се соочуваме. Курсевите на располагање на австралиските универзитети се Business Еconomics, Economics History, Urban economics, Economics, International Cooperation, Finance and Development итн.

Условите за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест со просечна оценка 6.5. Мастер студиите траат од 1 до 2 години, а школарините се движат од 23,000 АУД годишно. Овие студии се нудат на некои приватни колеџи и на универзитетите.

Докторски студии

Можете да го започнете процесот на упис на вашите докторски студии така што ќе пронајдете ментор, кој е доктор на науки во Австралија и има достигнувања во областа за која сте заинтересирани. Откако ќе му ги испратите вашите оригинални идеи за истражување и начини да добиете нов увид во економијата и тој ќе ја прифати вашата тема за истражување, можете да го започнете процесот на аплицирање на избраниот универзитет. Исто така, постојат теми за истражување веќе понудени на некои универзитети, па можете да ги земете во предвид и нив. Програмите што се достапни на ова поле се Economic Impact of Natural Disasters, Market Microstructure, Health Economics, Monetary Еconomics and Frictions, Experimental and Behavioural Economics, Environmental and Resource Economics итн.

Услови за запишување се завршени мастер студии и положен IELTS со просечна оценка 6.5 или 7. Докторските студии траат е од 3 до 5 години, а школарината се движи од 26.000АУД годишно.

Курс по англиски јазик

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.