Temporary Graduate виза за Австралија
Студентите кои завршуваат одредени студии во Австралија стекнуваат право да аплицираат за Temporary Graduate виза (подкласа 485), која им дава можност да останат одредено време и да работат full time во Австралија. Оваа виза има два стрима, Graduate Work и Post-Study Work стрим.
Graduate Work стрим
Graduate Work стрим е наменет за студенти кои што неодамна имат завршено студиска програма која што им дава квалификации поврзани со професија на долгорочната листа на дефицитарни професии во Австралија (Medium and Long-term Strategic Skills List (MLTSSL)). Потребно е да направите skill assessment, односно да се обратите на асоцијацијата задолжена за вашата професија во Австралија, како би ги проценила вашите квалификации. На листата на дефицитарни професии покрај секоја професија се наоѓа скратеница на асоцијацијата задолжена за таа професија, како и линк кој што води кон веб страницата на асоцијацијата. Генерално секој позитивен skill assessment има ограничен рок на траење, а доколку датумот не е експлицитно наведен, skill assessment-от се смета за важечки три години. Кај овој стрим можете да се номинирате само за една професија.
Post-Study Work стрим
Post-Study Work стрим е наменет за студенти кои имаат завршено високо образование во Австралија (основни, мастер и PhD студии) и кои имаат студирано барем две години во Австралија.
Услови за Temporary Graduate виза
Постојат одредени услови кои што треба да ги исполните за Temporary Graduate визата:
- Да имате помалку од 50 години.
- Во претходните 6 месеци да имате завршено студии на англиски јазик кои се регистрирани на CRICOS и чие времетраење е минимум 92 недели.
- Да имате валидна виза.
- Да исполнувате услов за познавање на англискиот јазик на одредено ниво – да имате оложен IELTS тест во последните 3 години со просечна оценка 6 и ниеден поединечен дел да не биде под 5.
- Потребно е да имате адекватно здравствено осигурување на период за кој се издава оваа виза.
- Да исполнувате услови кои се однесуваат на карактерот.
- Да имате завршени студии кои се поврзани со некоја професија која се наоѓа на листата на долгорочно дефицитарни професии и да имате позитивен skill assessment од соодветната асоцијација – доколку аплицирате за Graduate Work стрим.
- Да сте завршиле академски студии (основни, мастер и PhD студии) – доколку аплицирате за Post-Study Work стрим.
Времетраење на Temporary Graduate визата
Temporary Graduate виза за Graduate Work стрим се издава на период од 18 месеци.
Кај Post-Study Work стримот визата се издава на период од 2 до 4 години, во зависност од студиите кои ги имате завршено претходно и од градот во Австралија каде што имате студирано.
- За завршени Bachelor и Master by Coursework студии, оваа виза се добива на 2 години.
- За Master by Research, Temporary Graduate визата се издава на 3 години.
- За завршени докторски студии, оваа виза се издава на 4 години.
Доколку сте студирале во регионалните градови на Австралија, Temporary Graduate визата се издава за една дополнителна година.
Што овозможува Temporary Graduate визата
Temporary Graduate визата на студентите им овозможува да стекнат непроценливо интернационално работно искуство во својата струка, што може да биде од значај за понатамошниот развој на нивните кариери. Без оглед за кој стрим аплицирате на Temporary Graduate визата можете да ги додадете вашите членови на семејството (сопружник и деца). Оваа виза понатаму може да се продолжи, со што на студентите им се отвараат нови можности да останат, живеат и работат во Австралија.
Аплицирање за Temporary Graduate виза
За оваа виза се аплицира онлајн преку веб страницата на имиграционата служба на Австралија.
Такса за обработка на апликацијата
Таксата за обработка на апликацијата за Temporary Graduate виза изнесува 1,650АУД. Доколку додавате додатни членови на семејството, вкупниот трошок за обработка е поголем затоа што се плаќа такса за секој член на семејството.