Студирање право и криминологија во Австралија
Правото и паралегалните студии во Австралија се две одвоени студиски науки во образовниот систем во Австралија, меѓутоа една со друга се многу блиски и сродни.
Студиите по право ги школуваат студентите за идните правници, адвокати и судии, како највисок степен во хиерархијата на правниот систем, додека паралегалните студии ги подготвуваат студентите за сите оние професии кои што се поврзани во правниот систем или им асистираат. Паралегалните студии вклучуваат форензика, криминологија, полициски смер, правна администрација и слично.
Стручни програми (VET студии)
Правото и криминологијата не се понудени во секторот за стручно образование и обука во Австралија, за разлика од другите сродни области на студии кои припаѓаат на паралегалните студии.
Основни студии
Во последно време правните студии се многу популарни кај студентите во Австралија, бидејќи тие нудат образование применливо за широк спектар на работни места. Во овој поглед, многу универзитети нудат двојни дипломи (double degree) кои обично траат 5 години, каде што можете да го комбинирате правото со бизнисот, медицината, економијата и многу други области на студии.
Студиите по право бараат ваша посветеност во проучувањето на законите. Од друга страна, студиите за криминологија, исто како и форензиката, иако полесни од правото, неодамна го имаат подигнато нивото на тежината во студирањето, поради новите предмети и потреби поврзани со одбраната и тероризмот. Криминологијата е многу популарна кај студентите во Австралија.
Правните студии се нудат само на универзитетите, а криминологијата на универзитетите и на некои приватни колеџи. Основните студии траат најмалку 3 години.
Условите за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест, а школарините за меѓународните студенти се движат од 20,000АУД годишно.
Мастер студии
Во областа на правото, постојат голем број на мастер програми кои генерално нудат практична обука за студенти по право кои се стекнуваат со пракса и вештини потребни за работа во оваа струка, како и низ теоретски програми наменети за студенти од другите сродни области на студии.
Во областа на криминологијата, мастер програмите кои се нудат се претежно coursework тип, дозволувајќи им на луѓето што веќе работат во оваа област да ги унапредат своите кариери.
Мастер студиите траат една или две години. Условите за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест, а цените за овие студии се движат од 20,000АУД на годишно ниво.
Докторски студии
Меѓу студентите кои имаат стекнато диплома во други области на студии и кои сакаат да се квалификуваат како правни експерти, се повеќе популарни (но сеуште во малцинството) се постдипломски програми наречени “juris doctor". Исто така, докторските студии се наменети за адвокатите кои сакаат да додадат стручна експертиза во други области, како што е заштитата на животната средина (особено популарна во последно време), корпоративното право, законите за медиуми и слично.
Во областа на криминологијата, постои мал и ограничен број на постдипломски истражувачки програми.
Докторските студии траат претежно 3 години. Условите за упис се завршени мастер студии и положен IELTS тест, како и одобрена тема за истражување и ментор. Цените на вие студии се движат од 14,000АУД годишно.
Курс по англиски јазик
Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.
Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.