Основни студии

Основни студии

Австралија има изградено одлична репутација за извонредност и квалитет на своите програми за високо образование. Секоја година, се поголем број меѓународни студенти сакаат да запишат основни студии во Австралија.

Основни студии се нудат на универзитетите, приватните колеџи и на некои TAFE институти. Некои области на студии како што се медицината, ветерина, правото и архитектурата се нудат исклучиво на универзитетите.

Основните студии во Австралија обично траат од три до четири години. Повеќето области на студии кои имаат вклулено било каков вид на истражување се оние кои што обично траат четири години.

Академска година

Академската година започнува во март и јули. Исто така, некои универзитети нудат почетокот на одредени програми во ноември, но понудата на програми е помала.

Школарина

Школарините за основните студии се движат од 17.000AUD до 32.000AUD годишно. Школарината се плаќа семестрално.

Услови за упис

За да запишете основни студии во Австралија, треба да имате завршено средно училиште и да положите еден од меѓународно признатите тестови (IELTS, TOEFL, CAE ..). За ова ниво на студии, генерално е потребна просечна оценка 6 на IELTS -тестот и ниту еден од поединечните делови да не е под 5.5. Сепак, каква оценка е потребна зависи во голема мера и од областа на студирањето, па на пример за основните студии од областа на медицината, психологијата, образованието итн. потребен е повисок оценка.

Имајте во предвид дека австралиските образовни институции немаат приемен испит за запишување на додипломски студии. Нашите дипломи се признаваат и нивната нострификација не е потребна за да запишете студии во Австралија.

Temporary Graduate виза по студирањето

По завршувањето на основните студии, можете да аплицирате за Temporary Graduate виза под post-study visa- стримот и да добиете можност да работите полно работно време на период од две години и со тоа стекнете австралиски работно искуство по студирањето.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.