Студирање екологија и заштита на животната средина во Австралија

Студирање екологија и заштита на животната средина во Австралија

Поради глобално актуелните проблеми со животната средина кои доминираат во денешната светска политика, екологијата стана популарна дисциплина за студирање.

Австралија е една од земјите која што посветува големо внимание на заштитата и зачувувањето на животната средина, а финансира и голем број на истражувачки проекти од оваа област. Поради оваа причина, австралискиот образовен систем нуди разновиден избор на студиски програми во областа на екологијата.

Поврзани студиски специјализации за екологија можете да најдете и во области како што се архитектура (пејзажна архитектура, дизајн на животната средина), земјоделство, бизнис и менаџмент, образование, инженеринг и технологија, социјални науки, спорт и рекреација, итн.

Стручни програми (VET студии)

Австралискиот сектор на стручно образование (VET студии) од оваа област, низ сите нивоа на квалификации во склоп на VET студиите, нудат избор на професионални програми кои им обезбедуваат на студентите практични вештини и теоретско знаење.

Една од општите програми е зачувување и управување со земјиштето и во рамките на ова има разни специјализации, како што се зачувување и управување со домородното земјиште, паркови, диви животни, природни ресурси, управување со штетници, плевели и слично. Овие вештини и компетенции се неопходни за различни индустриски сектори од областа на животната средина.

VET студиите во областа на животната средина се нудат на TAFE институтите и на некои приватни колеџи. Тие можат да бидат вовед за понатамошни основни студии во оваа област, а во некои случаи на студентите можат да им бидат признати испити при уписот на основни студии во Австралија.

Услови за упис на стручните програми се завршено средно образование и IELTS тест со оценка 5,5. Стручните програми можат да траат од 6 месеци па се до 2 години, а цените се движат од 6.500АУД.

Основни студии

Некои од главните области што можете да ги изучувате во областа на екологијата и заштитата на животната средина се: атмосферска наука, наука за животна средина, заштита и управување со земјиштето, морски студии, одржливо управување со ресурси, токсикологија, биологија и заштита на животински свет, паркови, рекреација и наследство, екологија итн.

Покрај овие општи смерови, постојат различни специјализации кои можат да ве доведат до различни идни кариери. Бидејќи влијанието на човекот врз животната средина е големо, експертите од областа на екологијата и одржливоста стануваат популарни во различни области на професии, од управување со национални паркови, крајбрежни области, па сè до еко-дизајн и рехабилитација на рудници.

Основните студии по екологија се нудат на повеќето универзитети. Услови за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест. Студиите траат најмалку 3 години, а школарините се движат од 20,000АУД годишно.

Мастер студии

Постдипломските студии од областа на екологијата и животната средина се нудат на голем број на австралиски универзитети и на некои приватни колеџи. Наменети се за студенти кои имаат завршено основни студии од оваа област, за оние што веќе работат во оваа индустија, но и за студенти од други области на студии кои сакаат да ги прошират своите знаења во нови специјализации.

Во зависност од програмата, магистерските студии од оваа област се фокусирани на теоријата или пракца. Студиите траат една или две години, условите за упис се завршени основни студии и положен IELTS, а школарините се движат од 22,000 АУД на годишно ниво.

Докторски студии

Австралиската влада и универзитетите инвестираат многу во истражувања и проекти од областа на екологијата и заштитата на животната средина.

Истражувачките студии на докторските студии ги опфаќаат сите главни проблеми со животната средина, вклучително и недостиг на вода, климатски промени и слично. Многу универзитети ги користат природните ресурси во близина за нивните истражувачки студии, на пример во областа на морската екологија или тропската екологија, што им нуди на студентите уникатни можности за нивната истражувачка работа.

Условите за запишување на докторски студии се завршени мастер студии и положен IELTS тест, како и избор на научна теза и ментор. Студиите обично траат 3 години, а школарините се движат од 20,000АУД годишно.

Курс по англиски јазик

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.