Студирање бизнис и менаџмент во Австралија

Студирање бизнис и менаџмент во Австралија

Областа на бизнисот и менаџментот е најголема во Австралија, имајчи ги во предвид опциите за студирање, со илјадници курсеви и програми на располагање. Ова е кариера која е динамична, разновидна, нуди бројни можности и постојано носи нови предизвици, па ова може да биде и причината зошто голем број студенти се одлучуваат да запишат студии од оваа област.

Стручни програми (VET студии) 

VET студиите кои се фокусираат на развивањето на практични вештини, постојат на сите нивоа, а тоа се Certificate I-IV, Diploma и Advanced Diploma.

Курсевите може да се поделат во две основни групи.

  • Во првата група спаѓаат општи програми чиј назив е “Business” или “ Business Administration” и обезбедуваат општо познавање на деловните принципи, со малку простор за специјализација.
  • Втората и попопуларна група има фокус на одредена област, вештини или индустрија. Оваа група вклучува курсеви како што се Community Sector management, Frontline management, International business, Logistics, Marketing, Purchasing, Retail Services, Accounting, Project Management итн.

VET студиите можат да бидат почетна точка за академските студии и стекнување на диплома за завршени основи студии, доколку сакате поширока, академска позадина и имате план да работите на посериозни раководни позиции по дипломирањето. Ако завршите Diploma или Advanced на овој степен на образование, може да ви се признаат од 1 до 1,5 години на основни студии понатаму, па предноста на оваа опција е што можете да стекнете Bachelor диплома на поевтин начин.

Услови за запишување на VET студиите се завршено средно образование и IELTS тест со оценка 5,5. Овие програми траат од 6 месеци до 2.5 години, а школарината се движи од 6.000АУД на годишно ниво на приватните образовни институции и од 11,000АУД годишно на државните TAFE колеџи и универзитетите во Австралија.

Основни студии

Пред да се одлучите за одредена програма, потребно е детално истражување. Проверете што сè вклучува програмата и кои предмети ќе ги слушате за да бидете сигурни дека одговара на вашите потреби. Само некои од курсевите што може да ги запишете на овој степен на студии се: Business logistics, E-business, Finance, Humane Resource Management, International business, Marketing, Management итн.

Некои универзитети нудат двојни дипломи, така што Bachelor дипломата по бизнис може да се комбинира со други области, како што се ИТ, инженерството, уметноста, дизајнот, здравството, социјалните науки и др.

Условите за упис на основите студии се завршено средно образование и положен IELTS тест со оценка 6. Основните студии од областа на економијата и трговијата траат од 3 до 4 години, а доколку се определите за некои дуални дипломи студиите можат да траат и 5 години. Основни студии нудат и колеџите и универзитетите, а школарината на колеџите е нешто поефтина и се движи од 15,000 АУД годишно, додека на универзитетите се движи од 20,000АУД.

Мастер студии

Мастер студиите ги запишуваат оние студенти кои сакаат да ги подобрат своите вештини, да ги прошират своите знаења и да добијат можности за понатамошен развој во кариерата. Сепак, тие се добра опција и за оние кои веќе имаат работно искуство и кои сакаат да ги унапредат и да стекнат дополнителни вештини за да обезбедат понатамошен напредок во работата и бизнисот.

Исто така, постои Master by Research, за кој студентите од оваа поретко се определуваат. Овие студии се наменети за оние студенти кои сакаат да спроведат истражување, со цел да најдат одговори и да решат одредени проблеми што се среќаваат на полето на бизнисот и менаџментот.

Некои од програмите што можат да се запишат на ниво на Мастер студии се: Business Administration, Project Management, Business administration (Hospitality and tourism Specialization), Business Administration (Logistics and Supply Chain Management Specialization), Human recource Management, International Business и многу други.

Условите за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест со просечна оценка 6.5. Мастер студиите траат од 1 до 2 години, а школарините се движат од 20,000 АУД годишно.

Докторски студии

Може да се запишете на докторски студии по бизнис, каде ќе ја студирате целата област, но исто така можете да се определите за некое потесно истражување од областа на менаџментот или маркетингот.

На повеќето програми постојат програми кои што можете да ги запишете, како и ментори кои веќе се вклучени во менувањето и обликувањето на овие области. Сепак, треба сами да доставите тема за истражување и да го заинтересирате менторот, а потоа да аплицирате на универзитетот.

Услови за запишување се завршени мастер студии и положен IELTS со просечна оценка 7. Времетраењето на докторските студии е од 3 до 4 години, а школарината се движи од 25.000АУД годишно.

Курс по англиски јазик

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.