Graduate Certificate и Diploma
Graduate Certificate и Diploma се постдипломски студии кои што не постојат во нашиот образовен систем. По степенот на образование доаѓаат после основните студии а пред мастер студиите.
Graduate Certificate е одлична опција ако сакате да ги надградите вашите постоечки стекнати знаења за време на основните студии или да го унапредите знаењето од одредена област.
Graduate Certificate и Diploma ви нудат можност за понатамошно проширување на вашето знаење и сферата на истражување.
Овие програми се соодветна опција за оние студенти кои би сакале да ги продолжат своите студии по завршувањето на основните студии, но не сакаат да запишат мастер студии. Ова им дава можност да ги прошират знаењата од одредена област и да стекнат практично знаење така што ќе изучуваат програма која трае пократко од Мастер студиите.
Graduate Certificate обично трае шест месеци додека Graduate Diploma една година. Овие програми ги нудат универзитетите и одредени колеџи во Австралија.
Академска година
Академската година започнува во март и јули. Исто така, некои универзитети нудат почетокот на одредени програми во ноември, но понудата на програми е помала.
Школарина
Школарините за овој тип на студии во просек се движат од 12.000AUD до 16.000AUD годишно. Школарината се плаќа семестрално.
Услови за упис
Основниот услов за да запишете Graduate Certificate или Graduate Diploma е да имате завршени основни студии. При уписот на овие програми обично се бара тие да се надоврзуваат на вашите основни студии по областа на студирање, меѓутоа некои универзитети и колеџи им овозможуваат на студентите да имаат завршени основни студии во која било област. Покрај ова, за некои програми, како што е Project Management, треба да имате одреден број години на работно искуство во оваа област. Ова е одлична програма за луѓе кои веќе работат во овие области и треба да се надградат, но не сакаат или немаат потреба да запишуваат мастер студии. Покрај тоа, мора да имате меѓународно признат тест по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAE..). Во просек, институциите за овој тип на студии бараат просечна оценка од 6,5 на IELTS тестот, а ниту еден дел да не е под 6.
Предности кај Graduate Certificate и Diploma
- Ви треба помалку време за да ги завршите овие програми (6 месеци или една година) и чинат помалку во споредба со мастер програмите.
- Можете да ја надградите вашата кариера или да започнете нова, а овие програми ви овозможуваат да стекнете професионални вештини и знаење.
- Можете да ги продлабочите вашите практични знаења од областа за која сте заинтересирани.
- Можете да ги подобрите вашите понатамошни можности за кариера и идните приходи.