Студентска виза за Австралија

Студентска виза за Австралија

Доколку планирате да студирате одреден студиски програм во Австралија кој што е подолг од 3 месеци, потребна ви е студентска виза.

Услови за добивање на студентска виза

За да добиете студентска виза потребно е:

  • да бидете запишани на студии кои што се регистрирани за меѓународни студенти
  • да имате потврда за уписот (Confirmation of Enrollment)
  • да имате здравствено осигурување за меѓународни студенти (OSHC)
  • да докажете дека планирате да останете во Австралија привремено
  • да имате доволно финансиски средства за да студирате и престојувате во Австралија
  • да имате положено еден од меѓународно признатите тестови за англиски јазик (IELTS, TOEFL, PTE итн.). Овде исклучок е ако студентот запишува курс по англиски јазик, ако доаѓа од земја на англиско говорно подрачје или ако студентот има студирано 5 години во земја на англиско говорно подрачје.
  • да бидете личност со добар карактер
  • државјаните на одредени земји потребно е да направат медицински преглед и да прикажат дека се во добра здравствена состојба

Времетраење на студентската виза

Студентската виза се издава за времетраење на студиите плус два месеци ако програмот трае подолго од 10 месеци, односно плус еден месец ако програмот трае помалку од 10 месеци.

Работа со студентската виза

Со студентската виза автоматски стекнувате правото на работа, што е одлично финансиско олеснување.

Студентите обично имаат право да работат 20 часа неделно додека е наставата во тек и неограничен број часови за време на распустите или државните празници.

Колку часови можете да работите во текот на студирањето исто така, зависи од типот на студиите кои ги запишувате во Австралија.

На пример, ако студирате Master by Research или докторски студии, ќе бидете во можност да работите полно работно време, а ако студирате на било кој понизок степен на образование, ќе можете да работите пола работно време.

Ако одите во Австралија со вашето семејство, вашиот партнер исто така добива право на работа.

Осигурување OSHC

Меѓународните студенти во Австралија кои имаат студентска виза мора да имаат здравствено осигурување.

Австралија има посебен систем на здравствено осигурување за странските студенти познато под називот Overseas Student Health Cover (OSHC) и мора да го имате ова осигурување за време на вашата студентска виза во Австралија.

Ако дојдете во Австралија со работна виза или туристичка виза и посетувате краток курс (до 3 месеци), не морате да поседувате OSHC.

Аплицирање за студентска виза

За студентска виза можете да аплицирате онлајн преку веб-страницата на австралиската имиграциска служба.

Такса за обработка на апликација

Таксата за обработка на апликација за виза од страна на Австралиската служба за имиграција моментално е 1600AUD.

Имајте во вид дека ако додадете членови на вашето семејство на вашата апликација за студентска виза, трошоците за обработка на апликацијата ќе бидат повисоки.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.