Студирање образование во Австралија

Студирање образование во Австралија

Образованието е една од индустриите во Австралија која вработува највеќе луќе, и заради постојаната потреба за квалитетни работници, можностите за работа се големи. Сепак, пред да се одлучите за оваа професија, важно е да знаете колку е истата битна, бидејќи учествувате во формирањето на учениците и студентите, па затоа имате и висок степен на одговорност.

Ако наоѓате задоволство во помагањето на другите да учат и да се развиваат, оваа област на студии е вистинската опција за вас.

Стручни програми (VET студии) 

На ниво на стручните (VET) студии постојат програми кои ги подготвуваат студентите за високо образование доколку немаат доволно познавање на јазици, математика, литература итн. Истите се нарекуваат подготвителни курсеви, а некои од нив се Adult tertiary preparation, Education Studies итн.

Другиот вид на програми на ова ниво се нарекуваат „тренинг курсеви“, со кои што всушност можете да работите како воспитувач/едукатор, но и како асистент во секторот на образованието. Студиските програми што постојат се Education support, Teacher assistant, Тraining and Аssessment, и Early Chilhood Education and Care.

Услови за упис на VET студиите се завршено средно образование и IELTS тест со оценка 5,5. Стручните програми можат да траат од 6 месеци па се до 2 години, а школарините се движат од 6,000АУД.

Основни студии

Со оглед на големата побарувачка на работници од оваа област, во Австралија се нудат голем број на додипломски студии за упис. Програмите се концентрираат на одредена група на ученици на кои би предавале (рано детство, основно училиште...), на специфичен предмет (англиски, ИТ...) или одреден начин на предавање (специјално образование).

За да се осигури дека прима квалитетни наставници, австралиската влада бара од студентите да полагаат тестови по математика и граматика пред дипломирањето. Курсевите се многу разновидни и нудат многу различни специјализации, а некои од нив се Aboriginal Education, Adult Education, Careers education, Early Childhood Education, Outdoor Education, Special Education и многу други.

Услови за упис на основните студии од оваа област се завршено средно образование и положен IELTS тест со просечна оценка од 6,5 за Bachelor of Education, а за Bachelor of Teaching обично се бара просечна оценка 7 и поединечна оценка од 7,5 на деловите за слушање и зборување на овој тест. Овие студии траат од 3 до 4 години, а школарината се движи од 20 000АУД годишно.

Мастер студии

Мастер студиите во областа на образованието се можност да стекнете предавачки и педагошки вештини како и да се регистрирате како овластен наставник од соодветното тело за регистрација на оваа професија во Австралија. Може да се запишете на мастер студии од оваа област и ако претходно сте студирале некоја друга област како би можеле да предавате во разни институции во областа која што претходно ја имате студирано на основните студии. Иако има помалку специјализации на ова ниво на студии за разлика основните студии, сепак постојат голем број на програми што се нудат како што се Master of Teaching, Master of Education, Master of Learning and Teaching и др.

Условите за упис на мастер студиите се завршени основни студии и положен IELTS тест со просечна оценка од 7,5 или 8 (во зависност од универзитетот). Бидејќи образованието е специфична област и подразбираат работа со ученици и студенти, условите во врска со познавањето на англискиот јазик се многу построги. Тие траат од 1 до 2 години, а школарината се движи од 23 000АУД годишно.

Докторски студии

Докторските студии од областа на образованието се можност за подобро проучување на педагошките пристапи и изнаоѓање нови, поуспешни начини и методи на образование. Она што е најважно е да имате нови и оригинални идеи кои ќе придонесат за целото поле на образованието и овие идеи да го заинтересираат менторот, кој ќе игра важна улога во текот на вашите студии. Менторот е доктор на науки со искуство во образованието кој што ќе ве води и советува во текот на студирањето. Откако ќе пронајдете соодветен ментор и ќе добиете негова потврда за вашата теза на истражување, можете да ја започнете апликацијата на избраниот универзитет.

Условите за упис на докторски студии од оваа област се завршени постдипломски студии и положен IELTS тест со просечна оценка од 7,5, а на деловите за слушање и зборување потребната оценка е 8. Не смеете да имате пониска оценка од 7 на деловите за читање и пишување. Овие студии траат од 3 до 4 години, а школарините се движат од 25 000АУД годишно.

Курс по англиски јазик

Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.

Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.

Регистрација на наставници во Австралија

За да бидете регистриран наставник во Австралија, треба да завршите мастер студии или Graduate Diploma of Education, што е исто така еден вид на постдипломски студии.

Покрај тоа, потребно е да се исполнат и други услови во врска со практичното искуство, карактерот и познавањето на англискиот јазик, доколку сакате да се регистрирате, а не сте студирале во Австралија.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.