Курс по англиски јазик
Една од најпопуларните опции за студирање во Австралија е курсот по англиски јазик.
Ако не сте сигурни во вашето знаење на англискиот јазик и не сакате веднаш да се запишете на стручни, основни или последипломски студии или ако не сте ја добиле потребната оценка на IELTS тестот, курсот по англиски јазик е идеална опција за вас.
Исто така, преку курсот по англиски јазик како почетна опција, ќе имате повеќе време да се прилагодите на новата средина и да размислите за идната кариера.
Главната предност на курсот по англиски јазик е тоа што таа е единствената студиска програма за која не ви е потребен IELTS тест, па затоа запишувањето е многу полесно и побрзо.
Курсот по англиски јазик е една од најфлексибилните студиски опции во Австралија, бидејќи курсот можете да го започнете било кој понеделник во месецот. Со студентската виза можете да посетувате курс од 3 до 12 месеци. Студентот, според неговите желби и потреби, одлучува колку долго ќе трае самиот курс по англиски. Исто така интересно е дека со туристичка виза можете да посетувате курс по англиски јазик за период до три месеци, т.е. во периодот на одобрениот престој во Австралија.
Со посета на курсот во Австралија, земја каде што официјално се зборува англиски јазик, значи дека ќе имате можност не само да ги подобрите вештините на англискиот јазик во текот на наставата, туку и во секојдневниот живот, запознавајќи нови луѓе од различни земји во светот. На овој начин можете да го тестирате своето знаење, не само во училницата, туку и во текот на различните секојдневни ситуации што ќе ги поминете додека студирате во Австралија.
Едно е сигурно, следејќи го курсот по англиски јазик во Австралија, ќе искусите незаборавно меѓународно искуство.