Студирање финансии и сметководство во Австралија
Широчината на оваа научна и студиска област им овозможува на сметководителите да играат активна улога во деловниот свет и да се вработат во која било индустрија или сектор. Подрачјето на финансиските услуги опфаќа широк спектар на работни места и специјализации.
Стручни програми (VET студии)
Поради клучната улога на сметководство во сите индустрии, има голем број стручни програми што се достапни во Австралија во рамките на овој образовен сектор. Финансиски и другите административни услуги се достапни за сите нивоа на квалификации во склоп на стручните програми (Certificate I-IV, Diploma и Advanced Diploma), додека сметководството е достапно само за Sertifikat IV и Diploma.
Овие програми им овозможуваат на студентите практични вештини и применливо знаење, како и основа за понатамошно усовршување. VET студиите нудат различни специјализирани курсеви, како банкарство и слично. Сепак ако сакате да станете регистриран сметководител во Австралија потребно е да завршите основни студии.
Стручните програми од областа на финансиите и сметководството се нудат на бројни TAFE институти, приватни колеџи и на одделни универзитети, и траат од 6 месеци до 2 години. Условите за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест, а школарините се движат од 6.500АУД.
Основни студии
Австралиските универзитети и некои приватни колеџи нудат голем број на студиски програми за финансии и сметководство. Овие студии можете да ги комбинирате со други области преку програми со двојна диплома (double degree), како што се бизнис и менаџмент, право, информатичка технологија, па дури и уметност.
На овие студии се нудат и голем избор на специјализации. Дипломите на ова ниво на студии се акредитирани од здруженијата за професионални сметководители во Австралија но и во светот. Исто така, постои и нова структура на квалификации по американскиот систем, веќе воспоставена во одделни институции, која им овозможува на студентите да запишат "пред-сметководствео" програм за бизнис или трговија и потоа на постдипломските студии да запишат мастер во областа на сметководството.
Основните студии траат најмалку 3 години. Услови за упис се завршено средно образование и положен IELTS тест, а цените се движат од 15,000АУД годишно.
Мастер студии
Во областа на финансиите и сметководството постојат различни видови на постдипломски студии. За дипломирани сметководители, постојат coursework програми кои нудат напредни вештини или специјализации кои им овозможуваат да ги развиваат своите кариери. Постојат и програми за студенти кои имаат завршено сродни области на студии и на ова ниво сакаат да се квалификуваат за професија на сметководител. Преку овие програми, некои институции запишуваат и студенти од различни бранши на студии кои немале допир со финансиите.
Мастер студиите траат една до две години. Услови за упис се завршени основни студии и положен IELTS тест. Школарините за меѓународните студенти се движат од 20,000АУД на годишно ниво.
Докторски студии
Австралиските универзитети нудат и докторски студии по сметководство, но бројот на тие истражувачки програми и студенти чини мал процент, конкретно помалку од 2 проценти од вкупниот број на дипломци во оваа област. Докторските студии траат најмалку 3 години.
Условите за упис се завршени мастер студии, положен IELTS тест како и одобрена теза за истражување и ментор. Цените за овие студии почнуваат од 14,000АУД годишно.
Курс по англиски јазик
Доколку не ја добиете потребната оценка на IELTS тестот, без разлика која студиска програма или образовно ниво сакате да го запишете, можете да запишете пакет студии, бидејќи образовните институции ви нудат можност да запишете курс по англиски јазик пред главните студии како би можеле да ја надополните оценката на IELTS тестот.
Бројот на недели на курсот по англиски јазик зависи од оценката на IELTS тестот и колку ви недостасува до потребната оценка за упис, а обично за секој пола поен што ви недостасува, образовната институција ви дава 10 недели курс по англиски јазик.