Студирање во Сиднеј
Сиднеј е главен град на државата Нов Јужен Велс и воедно е и најголемиот град во Австралија. Се наоѓа во југоисточниот дел на Австралија, на централниот брег на Нов Јужен Велс, меѓу Blue Mountains на западот и Пацификот на истокот.
- Локација: Држава Нов Јужен Велс, Југоисточна Австралија
- Население: 4.6 милиони
- Основан: 1788 година
Студии во Сиднеј
Сиднеј секоја година привлекува голем број на меѓународни студенти од целиот свет, кои што се за подготвени усовршување, истражување и запознавање на нови култури и народи. Со мрежа на кампуси во центарот на градот и околината, никогаш не сте далеку од познатата Сиднејска опера или големиот број на плажи со кој што овој град може да се пофали.
СТУДЕНТСКИ ПРАКСИ И РАБОТА ВО СИДНЕЈ
Една од големите предности на студирањето во Австралија е тоа што студентската виза автоматски им дава право на студентите да работат до 20 часа неделно во текот на наставата или полно работно време за време на распустите и државните празници.
Понудата за работа е разновидна, а на студентите им е потребно просечно до две недели да ја најдат својата прва работа.
Многу колеџи и универзитети преку своите партнерства со компании од различни индустрии, исто така, обезбедуваат платени и неплатени пракси, каде што студентите имаат можност да работат, да се усовршат и да стекнат контакти во некои од најголемите компании во нивната професија.
- Просечна плата: 67,788AU$/годишно
Животот во Сиднеј
Градот има умерена клима и ima многу плажи во околината, вклучувајќи и плажи за сурфање.
Градот нуди добра забава, бидејќи во него се одржуваат голем број на музички, драмски и други културни настани. Културно, овој град има богата мешавина на националности од целиот свет, поради големиот прилив на мигранти во текот на изминатите години.
СМЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО СИДНЕЈ
Во зависност од буџетот и вашите планови, во Сиднеј се нудат различни можности за сместување за меѓународните студенти.
- Сместување во кампус - Животот во кампусот ве става во самиот центар на студентскиот живот, и слободното време можете да го искористите за запознавање со други меѓународни студенти.
- Shared accomodation - Сместување каде што имате своја соба што ви овозможува поголема приватност, додека имате одреден заеднички простор со останатите цимери.
- Изнајмување на стан - Самосталното изнајмување на станови во центарот или населбите околу Сиднеј обезбедува најголем комфорт.
ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО СИДНЕЈ
Јавниот превоз за жителите и посетителите на Сиднеј е многу добро организиран и се состои од транспортна мрежа на возови, метро, такси превозници, автобуси и траекти. За јавниот превоз во Сиднеј се користат Опал паметни картички, чиј кредит се надополнува по потреба.
- Карта во еден правец - 2-7.50AU$
- Такси Старт / 1км - 3.50/2.14AU$
- Просечна месечна цена на карта - 171AU$
АКТИВНОСТИ И АТРАКЦИИ ВО СИДНЕЈ
- Сиднејска опера - Операта опфаќа 18.000 квадратни метри, долга е 183 метри, а широка 120 метри. Позната е по конструкцијата на покривот кој изгледа како школки, што во времето на нејзината изградба претставуваше голема иновација во светот на архитектурата.
- Harbour Bridge - Harbour Bridge е еден од главните атракции на Сиднеј и го симболизира овој град, но и цела Австралија.
- Darling Harbour - Darling Harbor е соседство лоцирано во близина на централната деловна област на Сиднеј. Во него се наоѓаат бројни атракции, вклучувајќи и некои од најпопуларните музеи во Сиднеј.
- Зоолошката градина Таронга - Зоолошката градина Таронга е одалечена на 10 минути со траект од центарот на градот, со спектакуларни погледи на пристаништето и бизнис центарот во Сиднеј. Оваа зоолошка градина се простира на 28 хектари и изобилува со преку 350 видови животни.
- Плажи - Плажите во Сиднеј се идеални за сурфање и нуркање, а најпознати се Бонди и Манли.
- Крстарење и набљудување на китовите - Незаборавно искуство на крстарење долж брегот на Сиднеј и набљудување на китовите.
- Сурфање - Сиднеј нуди совршени временски услови и бранови за учење на сурфање, но исто така има места и за искусни сурфери.
- Излегување - Големиот бројна ресторани, ноќни клубови, дискотеки, барови и пабови во Сиднеј гарантираат дека може да се најде совршено место за сечиј вкус.
НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИ ВО СИДНЕЈ
- Нова Година - Сиднеј е домаќин на еден од највеличествените дочеци на Нова Година во светот со веќе традиционално грандиозниот и технички најсовремениот огномет на светот.
- Vivid Сиднеј - Vivid Сиднеј е фестивал на светлоста, музиката и идеите кој се организира еднаш годишно и представува најголем фестивал од оваков тип на светот.
- City2surf - Популарна трка која од 1971 се одржува секоја година во Сиднеј и опфаќа стаза за трчање долга 14 километри.
- Sculptures by the sea - Представува најголема светска изложба на скулптури на отворено, која што е поставена на стазата крај обалата на Пацификот, од плажата Бонди до Тамарама.