Студирање во Перт

Студирање во Перт

Перт е главен и најголем град на Западна Австралија и е четврт најнаселен град во Австралија, со околу 2 милиони жители. Се наоѓа помеѓу Дарлинговата падина и Индискиот Океан, долж брегот на реката Сван, 12 км од океанот.

  • Локација: Држава Западна Австралија, Југозападна Австралија
  • Население: 2 милиони
  • Основан: 1829

Студии во Перт

Перт е познат како најсончан град во светот со просечно осум часа сонце на ден во текот на годината, а покрај топлото и суво време, нуди беспрекорна комбинација на урбана софистицираност и меѓународен вкус. Одличниот квалитет на образованието, високиот стандард на живеење, ниската стапка на невработеност и ниските трошоци за живот во споредба со Сиднеј и Мелбурн привлекуваат се повеќе меѓународни студенти секоја година.

СТУДЕНТСКИ ПРАКСИ И РАБОТА ВО ПЕРТ

Една од големите предности на студирањето во Австралија е тоа што студентската виза автоматски им дава право на студентите да работат до 20 часа неделно во текот на наставата или полно работно време за време на распустите и државните празници.

Понудата за работа е разновидна, а на студентите им е потребно просечно до две недели да ја најдат својата прва работа.

Многу колеџи и универзитети преку своите партнерства со компании од различни индустрии, исто така, обезбедуваат платени и неплатени пракси, каде што студентите имаат можност да работат, да се усовршат и да стекнат контакти во некои од најголемите компании во нивната професија.

  • Просечна плата: 63,184AU$/годишно

Животот во Перт

Градот има умерена клима осум месеци во годината, но јануари и февруари се доста жешки, а јуни и јули се ладни и влажни месеци.

Перт е голем индустриски центар каде што во приградските зони се произведуваат бои, гипс, материјали за печатење, лимови, цемент, гуми, трактори, челик, алуминиум и никел.

СМЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО ПЕРТ

Во зависност од буџетот и вашите планови, во Перт се нудат различни можности за сместување за меѓународните студенти.

  • Сместување во кампус - Животот во кампусот ве става во самиот центар на студентскиот живот, и слободното време можете да го искористите за запознавање со други меѓународни студенти.
  • Shared accomodation - Сместување каде што имате своја соба што ви овозможува поголема приватност, додека имате одреден заеднички простор со останатите цимери.
  • Изнајмување на стан - Самосталното изнајмување на стан во центарот или населбите околу Перт обезбедува најголем комфорт.

ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО ПЕРТ

Перт има модерен систем за јавен превоз кој се состои од возови, автобуси, траекти и CAT-ови. Во централната градска зона постои транзитна зона која им овозможува на патниците да патуваат со автобуси или возови бесплатно.

  • Карта во еден правец - 2.2-8.40AU$
  • Такси Старт / 1км - 4.20/1.72AU$
  • Просечна месечна цена на карта - 103AU$

АКТИВНОСТИ И АТРАКЦИИ ВО ПЕРТ

  • Kings Park - Недалеку од центарот на Перт, на површина од 400 хектари, се наоѓаат Kings Park и ботаничката градина, кои пружаат уникатен панорамски поглед на градот.
  • Fremantle - Fremantle е пристанишен град основан во 1829 година, кој се наоѓа на 20 километри југозападно од Перт. Градот го карактеризира уникатната архитектура и големиот број на кафулиња и ресторани во центарот на градот.
  • Островот Rottnest - Островот се наоѓа на 18 километри од брегот на градот Fremantle, а на островот можете да видите голем број quokka, најсреќните животни во светот, со кои можете да направите selfi.
  • Долината Swan - Се наоѓа на половина час со автомобил источно од Перт, и е најстариот винарски регион во Западна Австралија, со повеќе од 150 винарски визби, ресторани, дестилерии и микро пиварници кои можете да ги посетите.
  • Возење со велосипед - Перт има голема мрежа на велосипедски патеки во центарот на градот, по должината на брегот и на бреговите на океанот и реката.
  • Плажата Cottesloe - На само 15 минути возење од центарот на градот, се наоѓа една од најпопуларните плажи во Перт, каде што можете да го поминете слободното време уживајќи во пливање, сурфање и нуркање.
  • Wildlife паркови - Околу градот има голем број паркови со диви животни на Австралија, што претставува идеално место за одмор и ден во природа.
  • Крстарење по реката Swan - Крстарењето започнува од центарот на Перт, од каде што ќе се качите на брод и ќе продолжите по реката Swan во разгледување на градските знаменитости.

НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИ ВО ПЕРТ

  • Perth Cup - Традиционална годишна коњска трка која се организира од 1887 година, на стаза од 2400 метри.
  • Perth Heritage Days - Бесплатен настан кој овозможува на јавноста да се запознае со историјата и наследството на Перт, уживајќи во широк спектар на активности низ градот.
  • Фестивалот Перт - Најдолгиот културен фестивал во Австралија, кој се одржува секоја година, со современа и класична музика, танц, театар, опера, визуелна уметност, Lotterivest филмски фестивал и писателски фестивал во Перт.
  • Perth Royal Show - Годишен земјоделски саем кој се одржува во изминатите 100 години на Саемот во Клермонт. Содржи информативни изложби, земјоделски натпревари и изложби на животни.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.