Студирање во Мелбурн
Мелбурн е главен град на државата Викторија и е вториот најнаселен град во Австралија. Се наоѓа на југоисточниот брег на Австралија, во прекрасниот природен залив на Порт Филип.
- Локација: Држава Викторија, Југоисточна Австралија
- Население: 4.9 милиони
- Основан: 1835
Студии во Мелбурн
Мелбурн беше прогласен за најдобар град за живот во светот седум години по ред, па затоа е често прв избор на меѓународните студенти. Градот е дом на 7 универзитети каде што учат повеќе од 350.000 студенти, а повеќе од една третина се студенти од странство.
СТУДЕНТСКИ ПРАКСИ И РАБОТА ВО МЕЛБУРН
Една од големите предности на студирањето во Австралија е тоа што студентската виза автоматски им дава право на студентите да работат до 20 часа неделно во текот на наставата или полно работно време за време на распустите и државните празници.
Понудата за работа е разновидна, а на студентите им е потребно просечно до две недели да ја најдат својата прва работа.
Многу колеџи и универзитети преку своите партнерства со компании од различни индустрии, исто така, обезбедуваат платени и неплатени пракси, каде што студентите имаат можност да работат, да се усовршат и да стекнат контакти во некои од најголемите компании во нивната професија.
- Просечна плата: 62,000AU$/годишно
Животот во Мелбурн
Мелбурн има суптропска клима, која се карактеризира со благи и облачни зими и релативно сончеви и топли лета.
Мелбурн е високо рангиран во областа на образованието, забавата, здравството, истражувањето и развојот, туризмот и спортот. Тој се смета за главен град на културата во Австралија и претставува родно место на австралиските танцови стилови, австралиската филмска индустрија, импресионистичката уметност, спортот, фудбалската и телевизиската индустрија.
СМЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО МЕЛБУРН
Во зависност од буџетот и вашите планови, во Мелбурн се нудат различни можности за сместување за меѓународните студенти.
- Сместување во кампус - Животот во кампусот ве става во самиот центар на студентскиот живот, и слободното време можете да го искористите за запознавање со други меѓународни студенти.
- Shared accomodation - Сместување каде што имате своја соба што ви овозможува поголема приватност, додека имате одреден заеднички простор со останатите цимери.
- Изнајмување на стан - Самосталното изнајмување на стан во центарот или населбите околу Сиднеј обезбедува најголем комфорт.
ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО МЕЛБУРН
Уредениот јавен превоз на Мелбурн го олеснува снаоѓањето и движењето на жителите и посетителите во градот. Транспортната мрежа се состои од возови, трамваи, автобуси и такси превозници. Во јавниот превоз во Мелбурн, се користи Myki Smart Card, а кредитот се надополнува по потреба. Во Мелбурн можете бесплатно да се возите во централниот бизнис дистрикт.
- Карта во еден правец - 3-8.80AU$
- Такси Старт / 1км - 3.20/1.62AU$
- Просечна месечна цена на карта - 159AU$
АКТИВНОСТИ И АТРАКЦИИ ВО МЕЛБУРН
- Federation Square - Federation Squarе е плоштад во самиот центар на градот на кој што се одржуваат многубројни културни настани, а изобилува со голем број на ресторани, барови и продавници.
- Queen Victoria Market - Симбол на Мелбурн кој што со своите 7 хектари представува најголем отворен пазар на јужната хемисфера.
- Кралска ботаничка градина (Royal Botanic Garden) - Основана во 1846, на простор од 36 хектари на јужната страна од реката Yarra. Поседува скоро 50,000 растенија кои што представуваат 8,500 различни врсти.
- Национална галерија Викторија - Галеријата датира од 1861 година и е најстариот и најпосетен јавен уметнички музеј во Австралија.
- Кафулиња - Мелбурн има најголем број на кафулиња и ресторани по глава на жител во светот, од кои повеќето се во споредните улици (lanes) po коj е Мелбурн препознатлив.
- Пешачење - Мелбурн е препознатлив по голем број на паркови и пешачки патеки, вклучувајќи ја и Кралската ботаничка градина на површина од 36 хектари.
- Wildlife паркови - Во градот има голем број паркови за диви животни во Австралија, што претставува идеално место за одмор и ден во природа.
- Great Ocean Road - Пат по крајбрежјето на Пацификот, долг 243 километри во кој ќе уживате во недопрената природа и ќе ги видите 12-те апостоли, уникатните карпи на австралискиот брег.
НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИ ВО МЕЛБУРН
- Australian Open - Отвореното првенство во Австралија е првиот Гранд Слем на годината кој се одржува секоја година во јануари и трае две недели.
- Formula 1: Grand Prix - Во календарот на Formula 1 е од 1985-та година, а во последните 22 години се одржува на привремена улична стаза во паркот Алберт во Мелбурн.
- Melbourne Cup Carnival - Melbourne Cup е најпознатата австралиска коњска трка, која се одржува секоја година на стаза со должина од 3200 метри.
- Melbourne Food and Wine Festival - Манифестација која се одржува од март 1993-та година и која ја промовира храната и виното на Мелбурн и Викторија.