Студирање во Бризбејн

Студирање во Бризбејн

Бризбејн е главен и најголем град во австралиската држава Квинсленд и е трет град по големина во Австралија. Сместен е на реката Бризбејн, која го има добиено името по шкотскиот гувернер на Нов Јужен Велс, Сер Томас Бризбејн.

  • Локација: Држава Квинсленд, Источна Австралија
  • Население: 2.2 милиони
  • Основан: 1825

Студии во Бризбејн

Бризбејн е брзорастечки град кој нуди многу можности за усовршување и стекнување меѓународно работно искуство, во топла и пријатна околина. Светски познати универзитети и колеџи нудат програми за сите нивоа на студии од различни области за околу 85.000 меѓународни студенти.

СТУДЕНТСКИ ПРАКСИ И РАБОТА ВО БРИЗБЕЈН

Една од големите предности на студирањето во Австралија е тоа што студентската виза автоматски им дава право на студентите да работат до 20 часа неделно во текот на наставата или полно работно време за време на распустите и државните празници.

Понудата за работа е разновидна, а на студентите им е потребно просечно до две недели да ја најдат својата прва работа.

Многу колеџи и универзитети преку своите партнерства со компании од различни индустрии, исто така, обезбедуваат платени и неплатени пракси, каде што студентите имаат можност да работат, да се усовршат и да стекнат контакти во некои од најголемите компании во нивната професија.

  • Просечна плата: 60,312AU$/годишно

Животот во Бризбејн

Овој град има суптропска клима со топли до врели и влажни лета со просечна температура од 28 степени и суви умерено топли зими со просечна температура од 23 степени.

Бризбејн се смета за многу безбеден град и редовно е на врвот кога станува збор за квалитетот на животот. Бризбејн е еден од најдобрите 10 градови во иднина според списанието London Financial Times FDI.

СМЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО БРИЗБЕЈН

Во зависност од буџетот и вашите планови, во Бризбејн се нудат различни можности за сместување за меѓународните студенти.

  • Сместување во кампус - Животот во кампусот ве става во самиот центар на студентскиот живот, и слободното време можете да го искористите за запознавање со други меѓународни студенти.
  • Shared accomodation - Сместување каде што имате своја соба што ви овозможува поголема приватност, додека имате одреден заеднички простор со останатите цимери.
  • Изнајмување на стан - Самосталното изнајмување на станови во центарот или населбите околу Сиднеј обезбедува најголем комфорт.

ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО БРИЗБЕЈН

Јавниот превоз за жителите и посетителите на Бризбејн е многу добро организиран и се состои од транспортна мрежа која го чинат возови, трамваи, такси, автобуси и фериботи. Паметните картички „Go Card“ се користат за плаќање на јавен превоз во Бризбејн, чиј кредит се надополнува по потреба.

  • Карта во еден правец - 3.31-10.66AU$
  • Такси Старт / 1км - 2.90/2.17AU$
  • Просечна месечна цена на карта - 135AU$

АКТИВНОСТИ И АТРАКЦИИ ВО БРИЗБЕЈН

  • South Bank - Сместен на јужните брегови на реката Бризбејн, областа се состои од 17 хектари паркови и градска плажа. Ова е идеално место за пливање во базен, прошетка во парк или скара со пријателите.
  • Центарот за култура на Бризбејн - Сместен од спротива на деловната област, ова е уметнички и културен центар на Бризбејн.
  • Gold Coast - На само 66 км од Бризбејн и помалку од еден час возење со воз, тоа е омиленото летувалиште на австралијанците.
  • Lone Pine Koala - Меѓу најдобрите места во Австралија за дружење со австралиски животни. Ова е дом на нешто повеќе од 130 коали, но исто така и на кенгури, вомбати, емуа, дингоси и тасмански ѓаволи.
  • Плажи - Бризбејн нуди многу плажи, без разлика дали барате плажи за сурфање или мирни места за сончање.
  • Забава на отворено - Ако сакате абсејлинг, качување по карпи, кајакарење и други екстремни спортови, не заборавајте да го посетите популарениот Riverlife Adventure Center.
  • Крстарење по реката Бризбејн - Најживописниот и најинтересниот начин за турнеја низ Бризбејн е со речно крстарење. Различни крстарења се организираат во текот на целата недела, со водич и информации за историјата и знаменитостите на градот.
  • Островот Моретон - На околу 75 минути возење со траект од центарот на Бризбејн, островот Моретон е трет песочен остров по големина во светот, совршен за еднодневно патување.

НАСТАНИ И МАНИФЕСТАЦИИ ВО БРИЗБЕЈН

  • Меѓународен филмски фестивал - Годишен филмски фестивал кој се одржува од 1992 година, со програма која што вклучува документарни филмови, кратки филмови, прикажувања во доцните вечери, анимирани и детски филмови.
  • Ден на Австралија - Како и во другите делови на Австралија, овој ден во Бризбејн се слави со огномет и голем број на дневни активности.
  • Фестивал на комедијата - Програмата вклучува стенд-ап комедија, импровизации и скечови, натпревари за најдобар нов талент и гарантира добро време и забава за посетителите.
  • Brisbane International - Од 2009 година, се организира професионален тениски турнир Brisbane International од серијата 250,кој се игра на отворените терени во Бризбејн.

Потребна Ви е помош?

Контактирајте не за било какви прашања или информации за опциите на студирање во Австралија.