Измени и олеснувања кај Temporary Graduate визата за Австралија

Измени и олеснувања кај Temporary Graduate визата за Австралија

Најавеното отворање на границите за студентите и носителите на Temporary Graduate визи носи дополнителни мерки со кои властите сакаат да го олеснат и забрзаат враќањето на меѓународните студенти во Австралија, а со тоа и да го зајакнат целиот образовен сектор, кој е значително погоден од мерките воведени за борба против пандемијата.

Овие мерки ќе ги зголемат правата на студентите и се однесуваат на можностите за работа во Австралија по дипломирањето, преку два стрима на Temporary Graduate визата, Post Study и Graduate Work стрим.

Најавените измени ги опфаќаат следните промени:

  • Апликантите чии Temporary Graduate визи истекле после 1 февруари 2020 година и не можеле да патуваат во Австралија поради затворените граници, ќе имаат право да аплицираат повторно за овој вид виза со иста должина како и оригиналната виза.
  • Должината на Temporary Graduate визата за студенти кои ќе завршуваат Master by Coursework ќе биде трајно зголемена од 2 на 3 години, како што е случајот со студентите кои завршуваат Master by Research студии
  • Должината за Graduate Work стримот се зголемува од 18 на 24 месеци.
  • Исто така, за Graduate Work стримот, условот дека студентите мора да дипломираат во области кои се на списокот на дефицитарни занимања во Австралија ќе биде отстранет, што е значајна предност за студентите кои студираат стручни (ВЕТ) студии, кои преку оваа виза, ќе имаат право да работат во Австралија на период од 2 години, што досега не беше случај
  • Со овие мерки, исто така, се продолжува важењето на претходната одлука на владата, за сметање на периодот на онлајн студирање што студентите го поминале надвор од Австралија, во вкупниот збир на студирање потребно за оваа виза.

Промените во врска со зголемувањето на должината на Temporary Graduate за двата стрима ќе стапат на сила на 1 декември 2021 година, додека отстранувањето на условот за Graduate Work стримот и можноста за студентите кои не можеа да патуваат, повторно да аплицираат за Temporary Graduate виза ќе се применуваат од 1 јули 2022 година.